Давков е нов голман на Брегалница

208

Мартин Давков е нов голман на Брегалница. Штипското дете се враќа дома, откако изминатиот период беше дел од тимот на Тиквеш.

Во Штип пак дефинитивно следната сезона ќе има нов голмански двоец затоа што минатосезонскиот на чело со Денковски веќе си замина. Па така, Давков кој е дете на Брегалница се враќа практично дома, и ќе се бори за „единицата“ следната сезона.

Ова е прв официјален трансфер на Брегалница во новата сезона, а заминувања имаше доста, што значи дека наскоро ќе има нови промоции.

ПретходноРистовски на радарот на Ханза Рошток
СледноЛК-2.квалификациско коло: Познати се евентуалните противници на Македонија ЃП и Шкендија, Шкупи може со Левски!