Фаворизираната Шпанија тргна со победа на Европското првенство за играчи до 21 година кое од денеска се одржува во Грузија и Романија. На теренот на еден од домаќините на првенството, селекцијата на Романија, Шпанија славеше со 3:0 во меч во кој имаше тотална доминација.
Иако во првото полувреме не видовме гол, Шпанците пропуштија најмалку две идеални шанси за водство. Сепак, упорноста им се исплатеше во вториот дел. Најпрво во 55. минута Баена погоди за водство од 1:0, а само седум минути подоцна со голот на Миранда, Шпанците веќе си ја запечатија победата. Во завршницата со голот на Серхио Гомез (95’) само го потврдија убедливиот триумф.