Крстајиќ: Во Бугарија, како и во Србија, има многу експерти во „бекстејџ“

233

Бугарските фудбалери беа на неколку секунди до сензационална победа над Србија во Разград. На крајот сепак мечот од четвртото коло од групата Г во квалификациите за ЕВРО заврши 1-1. Србија и Унгарија се уште во пол-позиција за пласман на завршниот турнир. Закана ќе им биде Црна Гора, а Бугарија и Литванија се далеку од борба за првите две места.

Селекторот на Бугарија и поранешен селектор на Србија, Младен Крстајиќ жали за пропуштената шанса.

“Не би се согласил дека ова беше нашиот најзрел и најквалитетен натпревар. Игравме многу добро против Црна Гора. Не заслуживме да го загубиме натпреварот. За жал, примивме гол од грешка. Само од овие четири натпревари , го пропуштивме првото полувреме во Унгарија. За жал, овие млади момци во моментов созреваат. Ова се некои работи за кои е потребно време. Едноставно луѓето во Бугарија не разбираат некои работи. Исто како и во Србија, има големи стручњаци во бекстејџот, а кога ќе излезат на терен ништо не прашуваат… Србија е фаворит број еден покрај Унгарија, Црна Гора има квалитет. Го подмладивме тимот. Немаме играчи од екстра класа. Треба време, некои играат, некои не. Тоа е проблемот на нашиот фудбал“, изјави Младен. Крстајиќ.

ПретходноНејмар сака да се врати во Барселона?
СледноБарса по „метлата“ го „пецна“ Реал!