Милан ја одби првата понуда за Тонали, Њукасл веднаш испрати нова

355

Милан ја одби првата понуда на англиски Њукасл за играчот за врска на „росонерите“, Сандро Тонали. Како што објавија италијански извори, Милан ја одбил почетната понуда од 55 милиони евра која стигнала во клупските канцеларии во текот на денешниот ден.

Вечерва, сепак, стигна нова информација во која се вели дека Милан добил нова, подобрена понуда од Њукасл која е во висина од 70 милиони евра и е многу блиску до оние 80 милиони кои Италијанците ги поставија како граница за заминување на Тонали.

„Страчките“ чекаат одговор од Милано, но веројатно нема лесно да се откажат и при уште еден негативен одговор.

На 23-годишниот играч за врска добил понуда од Њукасл за плата од 6,5 милиони евра годишно, плус бонуси.

ПретходноЛабудовиќ: Оваа е голема победа, честитки за девојките
СледноЈуниорките двапати убедливо поразени на контролите со Грција