Асамоа Гијан објави дека заминува во пензија. 37-годишниот напаѓач, кој играше за Удинезе, Рен и Сандерленд е најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Гана со 51 гол на 109 натпревари.
Со репрезентацијата двапати освои сребро и еднаш бронза на Африканскиот куп на нации. Тој исто така играше на Светското првенство во 2006 година и Светското првенство во 2010 година.
„Ја користам оваа прилика да кажам дека ова е тежок момент за секој играч. Момент кој играчите не го сакаат, туку природата го бара. Времето дојде. Се обидов да го игнорирам овој глас во мојата глава, но време е да ги закачам копачките и да го оставам фудбалот. Ќе вложам максимални напори и искуство корисно за тренерската работа, фудбалскиот менаџмент и следењето на таленти. Им благодарам на мојата сакана Гана, на моето семејство и колеги, соиграчи, тренери и на сите што одиграа улога во мојата кариера“, напиша Гијан во обраќањето до фановите.