Спорт: Модриќ потпиша за Реал, но може да се случи повеќе да не игра за нив

2621

Лука Модриќ пред неколку недели потпиша продолжување на договорот со Реал Мадрид, а во договорот има посебна клаузула според која тој може да го напушти клубот во случај на спектакуларна понуда. Ова го наведува шпански Спорт со појаснување дека би можела да пристигне спектакуларна понуда од Саудиска Арабија.

Реал е во неволја, продолжува текстот, бидејќи таква понуда има капитенот на хрватската репрезентација. Неименуван клуб од Саудиска Арабија му нуди 600 милиони евра за тригодишна соработка, објавија претходно шпанските медиуми, а ова е понуда која Модриќ мирно ја проучува.

„Свесен е дека пред 38. роденден му била дадена последната шанса во кариерата“, пишува Спорт и наведува дека не е познато дали договорот меѓу Модриќ и претседателот на клубот Флорентино Перез бил потпишан или усно договорен.

„Како и Карим Бензема, и Модриќ доби примамлива финансиска понуда да си ја проба среќата во Саудиска Арабија, па ја проучува со семејството и неговите претставници. Не треба да се отфрлаат никакви сценарија во овој поглед“, истакнува „Спорт“.

ПретходноОфицијално: Канте стави потпис вреден 100.000.000 евра до 2027 година!
СледноПознати се групите со можните ривали на нашите екипи за 2.квалификациско коло во ЛШ и ЛК