Ханси Флик: “Ова не ми се случило досега!“…Германскиот сојуз контактирал со Клоп!

1319

Репрезентацијата на Германија е домаќин на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во 2024 година и токму затоа не е дел од тековните квалификации.

Па затоа, „Панцирите“ го пополнуваат овој меѓупростор со пријателски мечеви на кои реални играат очајно. Загубија последно од Колумбија со 0:2, што ќе рече дека репрезентацијата победила само четирипати во последните шеснаесет меча.

Селекторот Ханси Флик е на удар на јавноста која очекува сериозна серија на победи од генерацијата врз која има огромен притисок како домаќин на следниот европски самит.

„Се разбира, ова е ситуација за мене во која не сум бил досега. Навистина сакам да победувам натпревари и мразам да губам“, изјави 58-годишниот на прес-конференцијата по поразот од Колумбија со 2:0. во Гелзенкирхен.

„Имам одличен тим околу мене. Баш ми се допаѓа да го подготвувам тимот за претстојниот турнир“, додаде тој.

„Можам да ветам дека ќе видите различен тим во септември“, додаде Флик , кога националниот тим ќе се собере за натпреварите против Јапонија и Франција. Потоа ќе следува и меч против САД во октомври.

Инаку најнова информација е дека Фудбалскиот сојуз на Германија веќе остварил контакт со Јирген Клоп, но барем засега нема никакви шанси стратегот на Ливерпул да ја преземе клупата на “панцерите“.

 

ПретходноСКОПЈАНЕЦОТ И.Х. ГО ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕРОТ ВРЕДЕН 16.246.715,00
СледноМашката штафета 4Х100 урна рекорд стар една деценија! (ВИДЕО)