Нашата женска јуниорска кошаркарска репрезентација во два дена одигра два натпревари со квалитетната репрезентација на Грција.
На „контролите“ во Солун, ослабени со неиграњето на неколку важни кошаркарки како Михаела Алексовска, Марија Николов и Милица Николиќ, кошаркарките на нашиот јужен сосед беа доста подобар ривал.
На првиот меч, домаќинките славеа со убедливи (69:29), а јуниорките на Грција беа подобри и на втората проверка (83:33), исто така одиграна во Солун.
По враќањето во Скопје, нашата женска селекција до 18 години ќе продолжи со тренажниот процес во СРЦ „Кале“.
На 27 јуни е планирано заминување за Бугарија, каде според плановите на стручниот штаб, јуниорскиот тим ќе одигра уште еден пријателски натпревар, со селекцијата на Бугарија. На 29 јуни е предвиден и почетокот на Европското првенство од Дивизијата „Б“. Македонија е дел од групата „A“ заедно со селекциите на Хрватска, Данска, Исланд и Холандија, репрезентација со која на 30 јуни (од 13 часот), и ќе го стартуваме шампионатот во Софија.