Ариан Ренер ќе брани за Тиквеш

4896

Тимот на Тиквеш реално е најјактивниот прволигашки тим летово. Во Кавадарци се случува покрупен ремонт на играчкиот кадар, а истиот ја зафати и голманската позиција.

Тиквеш летово се одлучи за интернационален голман во името на Ариан Ренер. Екс словенечки младински репрезентативец кој изминатиот период бранел за екипата на НК Фузинар.

Бил под договор со тимот на Табор Сежана, а бранел уште и за Приморје. Во моментов има 24. години и се работи за релативно млад голман, кој е желен за докажување и кому ова ќе му биде прво интернационално искуство.

 

ПретходноПлановите на Луис Суарез се променија, Гремио е внимателен!
СледноГотово: Каи Хаверц од Челзи во Арсенал за 65 милиони фунти