Артета ќе потроши 250 милиони евра, Арсенал ќе изгледа моќно!

1153

Арсенал пропушти шанса да ја освои титулата, иако играше навистина добро во поголемиот дел од сезоната, на крајот Манчестер Сити се радуваше.

Сепак, главната цел на тимот на Емирати беше остварена. Секако, тоа беше враќање во Лигата на шампионите, а по долго време ќе свири химната на ова натпреварување.

Во Арсенал не седат со скрстени раце, туку градат тим кој ќе биде сериозен конкурент во следната сезона и во Премиер-лигата и во Лигата на шампионите.

Арсенал сака да доведе четворица играчи, а тоа овој клуб би требало да го чини над 250 милиони евра.

Најголема желба на Артета е Деклан Рајс, но две понуди за овој фудбалер веќе се одбиени, а се чека нова понуда.

Наводно, Вест Хем сака 100 милиони евра плус „лесни“ бонуси. Исто така, важно е да се истакне дека со Рајс се договорени личните услови и дека играчот сака трансфер.

Слично е и со играчот на Челзи, Каи Хаверц, со кого се било договорено и му бил понуден договор на пет години. Челзи за него бара 75 милиони евра, додека Арсенал се подготвени да платат 65 милиони евра и двата клуба во моментов преговараат.

Друг играч кој Арсенал го посакува е младиот играч на Саутемптон, 19-годишниот Ромео Лавија и за него ќе треба да платат 50 милиони евра.

Наводно се подготвени за тоа, а освен него се зборува и дека за Тимбер од Ајакс би можеле да се понудат 50 милиони евра.

ПретходноОбрадовиќ: Дете плука по нас, покажува среден прст, а неговата мајка се смее!
СледноОфицијално: Канте стави потпис вреден 100.000.000 евра до 2027 година!