Синоќа Бугарија и Србија одиграа 1:1 во меч од квалификациите за ЕВРО 2024. Домашната селекција водеше со 1:0, но гостите со гол во 96.минута спречија голема сензација.
Аналитичарот Раде Богдановиќ, кој стана ѕвезда на овие простори, инаку некогаше познат фудбалер и репрезентативец на Србија, по мечот го кажа следното.
“Прво реков дека Бугарите немаат врска од фудбал, но ќе се поправам. Јас навистина мислам дека Бугарите едноставно врска немаат од фудбал. Овој натпревар е одигран во услови кога е крај на сезоната, кога девојките и сопругите на нашите играч им се брза да одит на летување, затоа и така играа, затоа и не победија. Но нема врска, Србија и онака ќе се пласира на ЕВРО 2024“ заклучи Богдановиќ.