Брука до брука: Невиден дебакл на репрезентациите од екс-СФРЈ во јунскиот циклус!

5104

Македонија познато е дека имаше два порази со гол разлика 2:10 во јунскиот квалификациски циклус за пласман на ЕВРО 2024. Пораз од Украина дома со 2:3 и пораз од Англија на гости со 0:7.

Ако е за утеха, тогаш ни останатите земји од екс – СФРЈ имаа страшно лоши резултатите.

Сите.

Се разбира само ако Хрватска не ја сметаме тука зошто таа селекција е некоја друга планета, таа играше во завршницата од Лигата на Нации.

Па така останатите земји, Словенија, Косово, Србија, БиХ, Македонија, Црбна Гора одиграа 10 меча во јунскиот квалификациски циклус, и замислете, не победија ниту еднаш.

Ова навистина е брука, невиден дебакл, а сите се фалиме дека сме фудбалски мајстори.

Катастрофа…

Image

ПретходноСрпскиот репрезентативец Борзаш пред промоција во Е.Пелистер!
СледноКонечно Федерер одговори на прашањето дали Новак е најдобриот во историјата!