Во Динамо Букурешт разочарани од ЕХФ!

396

Европската ракометна федерација ги објави сите 16 екипи кои ќе игаат следната сезона. Новитет во новото соопштение на ЕХФ беа и добитниците на вајлд-картите, а истите им припаднаа на Загреб, Алборг, ПИК Сегед, Монпелје, Колстад и Висла Плоцк.

Оваа одлука наиде на разочарување во редвоите на Динамо Букурешт, предводен од Чави Пасквал, кој излезе со соопштение.

„Разочарани сме и се обидуваме да ги најдеме причините кои доведоа до оваа одлука, бидејќи во последните две сезони докажавме дека заслуживме да бидеме таму: како резултат, игра, атмосфера, поддржувачи. Знаеме дека дадовме се од себе и од оваа гледна точка немаме што да обвинуваме“, се вели во дел од соопштението на романскиот тим. 

ПретходноБарса по „метлата“ го „пецна“ Реал!
СледноЛШ-2.квалификациско коло: Галатасарај е ривалот на Струга ТЛ, само треба претходно да се елиминира Жалгирис!