Игор Алексовски, еден од нашите најдобри голмани и актуелен репрезентативец, и официјално во наредните 18 месеци ќе биде дел од Работнички. Како што информираат од клубот од Дебар маало, Алексовски со раководството на Работнички се договорил за продолжување на соработката, а информацијата попладнево е официјализирана на клупскиот сајт и социјалните мрежи на Работнички.
Јасно е дека ова е голема работа за Работнички, и во наредниот период ќе го има на голот еден од најдбрите чувари на мрежата во ПМФЛ.