ЕП 2023 (У21): Шпанците тргнаа со сигурна победа над Романија (ВИДЕО)

100

Фаворизираната Шпанија тргна со победа на Европското првенство за играчи до 21 година кое од денеска се одржува во Грузија и Романија. На теренот на еден од домаќините на првенството, селекцијата на Романија, Шпанија славеше со 3:0 во меч во кој имаше тотална доминација.

Иако во првото полувреме не видовме гол, Шпанците пропуштија најмалку две идеални шанси за водство. Сепак, упорноста им се исплатеше во вториот дел. Најпрво во 55. минута Баена погоди за водство од 1:0, а само седум минути подоцна со голот на Миранда, Шпанците веќе си ја запечатија победата. Во завршницата со голот на Серхио Гомез (95’) само го потврдија убедливиот триумф.


 

ПретходноНајдобриот стрелец во историјата на Гана денеска замина во пензија
СледноСемејството е загрижено за неговото здравје: Лапорта драстично се здебелил! (ФОТО)