ЛК-2.квалификациско коло: Познати се евентуалните противници на Македонија ЃП и Шкендија, Шкупи може со Левски!

340

 

Во Нион денеска се одржа и ждрепката за 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Секако дека ова за нас е интересно само ако нашите тимови или барем некој од нив, би ја елиминирал стартната пречка.

Па така ако Македонија ЃП во 1.квалификациско коло успее да го елиминира тимот на РФС од Летонија, тогаш следен ривал ќе биде со Сабах од Азербејџан.

Шкендија ако на стартот биде подобра од Хаверфордвест од Велс, тогаш во 2.квалификациско коло во ЛК ќе игра против победникот од двомечот Б36 Торшавн (Ф. ОСТ) и Паиде (ЛЕТ).

И Шкупи, ако ја мине првата пречка која се вика Хегелман од Литванија, тогаш во следната рунда ќе се сретне со Левски од Бугарија.

Струга ТЛ ако биде елиминирана во ЛШ уште на стартот, тогаш во 2.квалификациско коло во ЛК игра со финалистот од прелиминарната рунда.

Мечевите од 2.квалификациско коло во ЛК се закажани за 27јули и 3 август.

ПретходноДавков е нов голман на Брегалница
СледноПлановите на Луис Суарез се променија, Гремио е внимателен!