ЛШ-2.квалификациско коло: Галатасарај е ривалот на Струга ТЛ, само треба претходно да се елиминира Жалгирис!

333

Само што заврши ждрепката за 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите за сезоната 2023/24. Секако дека за нас најинтересно е со кого нашиот шампион би играл во втората квалификациска рунда, ако претходно успее да го елиминира тимот на Жалгирис Виљнус на стартот.

Тоа ќе биде турскиот гигант, тимот на Галатасарај, само нели, претходно треба да се мине тимот од Литванија.May be an image of soccer, football and text that says 'UEFA CHAMPIONS LEAGUE SECOND QUALIFIYNG ROUND .STRUGA ŽALGIRIS TRIM LUM 1947 VILNIUS FC STRUGA TRIM LUM- - FK ZALGIRIS VILNIUS UEFA CHAMPIONS LEAGUE S 1905 GALATASARAY #forcaStruga#WeAreStrgua #forcaStruga #WeAreStrgua'

Инаку мечевите од оваа фаза во квалификациите се играат на 25/26 јули и реваншите на 1/2 август.

Веќе е познато, во случај на елиминација во 1.коло, Струга ТЛ своите натпревари ќе ги продолжи во Лигата на Конференции во 2.квалификациско коло.

ПретходноВо Динамо Букурешт разочарани од ЕХФ!
СледноТони Крос со нов договор во Реал до 2024 година