Манчестер Јунајтед ја подобрил понудата за Мејсон Маунт, но и таа е одбиена од страна на Челзи.
Според „Атлетик“, Манчестер Јунајтед доставил понуда во вредност од 45+5 милиони фунти, но Челзи одбил да го продаде Маунт за таа сума. Раководството на „сините“ остануваат на ставот дека слободата на Маунт чини најмалку 60 милиони фунти.
Договорот меѓу клубовите беше близу, но се чини дека ова беше последна понуда од Манчестер Јунајтед, затоа што од таму најавиле дека повеќе нема да ја зголемуваат.