Нејмар сака да се врати во Барселона?

366

Нејмар сака да го напушти ПСЖ по сезона во која беше на мета на навивачите, исто како и Лионел Меси.

Неофицијално за услугите на бразилскиот фудбалер заинтересирани се Манчестер Јунајтед, Челзи и Ал Хилал, но желбата на Нејмар е поинаква.

Ако се верува на информациите кои доаѓаат од странство, бразилскиот напаѓач би сакал да се врати во Барселона. Ќе биде тешко да се направи, но не и невозможно, пишува фудбалскиот портал Goal. Барселона е во тешка финансиска ситуација и нереално е да се очекува трансфер, но би била можна и позајмица.

Нејмар за Барселона одигра 186 натпревари, постигна 105 гола и асистираше на 76. Со тоа освои се што беше можно, по што за рекордна сума од 220 милиони евра замина во редовите на францускиот првак.

ПретходноДи Марија се договорил со Бенфика!
СледноКрстајиќ: Во Бугарија, како и во Србија, има многу експерти во „бекстејџ“