Обрадовиќ: Дете плука по нас, покажува среден прст, а неговата мајка се смее!

754

Црвена Звезда се избори за „мајсторка“, откако вчера славеше против Партизан со 68-56 во финалната серија во АБА-лига.

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ по завршување на мечот ги коментираше и навредите кои постојано доаѓаат од трибините.

„Пред петнаесет дена го гледав НБА натпреварот на нашиот Никола Јокиќ на кого сите му се восхитуваме. Веднаш по тој натпревар налетав на натпревар од 1988 година каде играа Црвена Звезда и Партизан. Јас бев играч на тој натпревар. Трибините беа полни, а навивачите беа половина за Партизан, половина за Црвена Звезда. Се скандираше титула во Белград.

Како луѓе мои стигнавме до ова? Што е ова во 2023 година? Имаме ли експерти да ни ги откријат причините? Се прашувам што се случи со сите нас. Некогаш ова дерби беше светост. Сега мало дете оди до нашиот автобус, навредува и плука кон нас, покажува среден прст, а неговата мајка која го држи само се смее. Не ми се верувам до каде дојдовме, ги преколнувам навивачите на Партизан да има фер и коректно навивање на петтиот меч“, изјави Обрадовиќ.

ПретходноПРИЈАТЕЛСКИ: Сенегал го совлада Бразил, Германија поразена од Колумбија
СледноАртета ќе потроши 250 милиони евра, Арсенал ќе изгледа моќно!