Официјално: Зекирија Рамадан е нов тренер на Оход од Саудиска Арабија!

336

По неколку успешни сезони како тренер во Косово, во тамошната елитна лига, Зекирија Рамадан и официјално се пресели во С. Арабија каде ќе биде тренер на Оход, екипа од втората лига или првата дивизија во таа пребогата земја.

Оваа вест ја потврдија и од Оход на своите социјални мрежи. Инаку овој клуб се наоѓа во градот Медина, а е основан во 1936 година.

Да споменеме дека популарниорт Зеко досега како тренер бил во екипите на Шкупи, Фљамуртари, Трепча, Фероникели, Приштина, Егнатија и Гњилане. Ова ќе му биде прв тренерски ангажман надвор од овие простори.

Претходно“Бисер“ од Србија: “Бугарите едноставно врска немаат од фудбал!“
СледноТрансфери: Гундоган во Барселона, Џеко потпишал договор со Фенербахче!