Официјално: Канте стави потпис вреден 100.000.000 евра до 2027 година!

437

Нголо Канте е нов играч на Ал Итихад, но сега се познати сите детали и бројки.

Французинот го напушти Челзи како слободен играч, бидејќи му истече договорот, а со Ал Итихад потпиша до 2027 година кога ќе заработи дури 100 милиони евра.

Годишната плата на Канте ќе биде 25 милиони, десетина повеќе отколку што имаше во Челзи.

Во текот на претходната сезона се бореше со повреди, неговото тело почна да испраќа сигнали дека повеќе не е способен за врвен фудбал, поради што можеби одлучи да замине во Саудиска Арабија за огромни пари.

Канте на тој начин ќе стане соиграч на неговиот сонародник Карим Бензема и нема дилеми дека Ал Итихад повторно ќе биде главен кандидат за титулата која неодамна ја освои пред Ал Наср на Роналдо.

ПретходноАртета ќе потроши 250 милиони евра, Арсенал ќе изгледа моќно!
СледноСпорт: Модриќ потпиша за Реал, но може да се случи повеќе да не игра за нив