Плановите на Луис Суарез се променија, Гремио е внимателен!

96

Луис Суарез би можел да се пензионира, пренесуваат бразилските медиуми и пишуваат дека тој веќе ги известил челниците на Гремио. Причината поради која нема да игра уште една сезона за клубот со кој е под договор е повредата на десното колено која му прави премногу проблеми во играта.

Суарез дојде во Гремио пред шест месеци и потпиша договор до крајот на 2024 година. Клубот работи на раскин на договорот, но со казнена клаузула доколку повторно се активира во друг клуб. Тоа би требало да значи дека тој нема да оди во Интер Мајами, каде повторно би играл во напад со Лионел Меси, како што тоа го правеше со години во Барселона.

Тој за Гремио одигра 25 натпревари, постигна 11 и асистираше за осум гола. Во својата кариера играше и за Национал и Гронинген пред да замине Ајакс, Ливерпул, играше за Барселона играше шест години, а во Шпанија го носеше дресот на Атлетико Мадрид. Во кариерата богата со трофеи, тој беше петкратен шампион на Шпанија и еднаш освојувач на Лигата на шампионите.

ПретходноЛК-2.квалификациско коло: Познати се евентуалните противници на Македонија ЃП и Шкендија, Шкупи може со Левски!
СледноАриан Ренер ќе брани за Тиквеш