Унион Берлин е на чекор до реализација на најголемиот трансфер во клупската историја

2879

Унион Берлин очигледно е блиску до реализација на најголемиот трансфер во историјата на клубот. Според пишувањето на медиумите, договорот со Интер за трансфер на германскиот репрезентативец Робин Госенс ​​е се поверојатен.

Италијанскиот новинар Руди Галети објави дека Унион ги презема „последните чекори“ за да се договори со Интер за трансферот на Робин Госенс и наскоро работата ќе биде официјализирана.

Галети споменува сума од 15 до 20 милиони евра кои стојат како понуда за Госенс од страна на Бундеслигашот. Тоа би бил убедливо најскапиот трансфер во историјата на берлинскиот клуб. Госенс е планиран како едно од новите засилувања на тимот кој ќе го има и премиерниот настап во Лигата на шампионите.

Досега рекордни трансфери во У. Берлин се оние на Јосип Јурановиќ и Таиво Авонији кои дојдоа во Берлин во трансфери вредни 8,5 милиони евра.

ПретходноМанчестер Ј. понуди 45+5 милиони за Маунт, Челзи бара најмалку 60 милиони
СледноМладинците ја победија Црна Гора на првата контрола во Подгорица