Иако сеуште нема официјална потврда дека Луис Енрике е новиот тренер на ПСЖ, сепак според Л`Екип таа работа е веќе готова. Останува само да се разрешат некои ситени детали. А дека е готово, дека Шпанецот и екс тренер на Рома и Барса, како и екс селекторот на Шпанија доаѓа на “Паркот на принцовите“ доказ е тоа што Енрике веќе го комплетира тимот.
Само едно барање од негова страна дошло како шок за Насер Ал – Келаифи, првиот човек на ПСЖ, а тоа е Нејмар по секоја цена да остане.
И тој, но и Верати, и уште неколку имиња кои се споменуваа како екс играчи на ПСЖ, требало да останат.
Да кажеме дека Нејмар и Луис Енрике во Барселона имаа супер соработка.