ЕП 2023 (У21): Грузија ја шокираше Португалија, Украина ја преслуша Хрватска (ВИДЕО)

288

Младите надежи на Белгија и Холандија одиграа натпревар без голови на стартот на Европското првенство за играчи до 21 година. Дербито на првото коло од групната фаза мина во еден добар дуел на кој недостасуваа само погодоците.

Во истата група Португалците кои во оваа генерација имаат играчи како Тавареш, Педро Нето, Витиња и други, доживеаа шок од домаќинот на шампионатот Грузија. Тие беа поразени во Тбилиси со 2:0 со головите на Гагуа и Сазонов.

 

Украинците, пак, тргнаа со победа во групата „Б“. Засилени со неколку фудбалери од сениорската репрезентација, Украинците дојдоа до посакуваните стартни три бода против анемичната Хрватска, победувајќи ја со 2:0. Вечерва во оваа група играат и Романија и Шпанија.

ПретходноТипичен Балканец: Го сопре изведувањето на аутот на противничката селекција па доби исклучување!
СледноЛабудовиќ: Оваа е голема победа, честитки за девојките