Само што заврши ждрепката за 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите за сезоната 2023/24. Секако дека за нас најинтересно е со кого нашиот шампион би играл во втората квалификациска рунда, ако претходно успее да го елиминира тимот на Жалгирис Виљнус на стартот.
Тоа ќе биде турскиот гигант, тимот на Галатасарај, само нели, претходно треба да се мине тимот од Литванија.
Инаку мечевите од оваа фаза во квалификациите се играат на 25/26 јули и реваншите на 1/2 август.
Веќе е познато, во случај на елиминација во 1.коло, Струга ТЛ своите натпревари ќе ги продолжи во Лигата на Конференции во 2.квалификациско коло.