Нема простување од страна на УЕФА, па макар станувало збор за Жозе Мурињо, за “специјалниот“.
Имено поради навредоте и се она што го направи тренерот на Рома по финалето во Лигата на Европа кон судијата Ентони Тејлор, дисциплинската комисија на УЕФА одлучи да го прати на “ладење“ четири натпревари.
Ова значи дека Португалецот нема право да седи на клупата на Рома во следните четири европски меча.