Бесарт Исаку: Струга Трим Лум посакува и очекува двомеч со гигантот Галатасарај!

312

Во својот деби настап во квалификациите во Лигата на Шампионите, Струга ТЛ во првото калификациско коло се среќава со Жалгирис Виљнус, а ако нашиот нашиот шампон ја мине оваа пречка, тогаш во следната фаза – спектакл, следува двомеч со турскиот гигант Галатасарај.

May be an image of 3 people

На ждрепката во Нион, вчера и завчера стружани имаа свои претставници, своја делегација, која ја предводеше спортскиот директот Бесарт Исаку, а во неа беа и секретарот Мифтар Шаќири и шефот на ПР службата Ресул Чолаку.

За тоа како го виде исходот од оваа ждрепка, свој коментар за “Спортмедиа“ има спортскиот директор Исаку:

За ривал добивме квалитетен противник, тука нема дилеми. Тие се прваци на својата земја. Лани Жалгирис играше во групната фаза во Лигата на Конференции, тоа нешто кажува. Сепак и покрај се, верувам во нашиот тим, верувам во стручниот штаб на чело со Шпетим Дуро дека ќе може да се мине оваа пречка. Со добро одработени подготовки и адекватни засилувања би можеле да се најдеме во 2.квалификациско коло во ЛШ, а таму се знае, двомеч со турскиот гигант Галатасарај“ вели Исаку.

Инаку двомечот со Жалгирис е закажан за 11/12 и 18/19 јули..

СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИКОТ НА ГАЛАТАСАРАЈ ВО НИОН

Се разбира дека тој евентуален двомеч со Галатасарај ќе значи многу за нашиот шампион. Тоа ќе биде голема реклама и промоција на клубот од Струга, кој постои само 8 години и доживува голема експанзија во овој кус период.

May be an image of 2 people and suit

Интересно е тоа што во Нион вчера, веднаш по ждрепката за 2.квалификациско коло, откако се дозна кој ќе биде можниот ривал во оваа фаза, Исаку имаше средба со претставникот на Галатасарај, Угур Јилдиз.

Разменивме впечатоци, мислења и си посакавме да имаме двомеч со мојот колега од Галатасарај. Зарем треба да се трошат зборови што значи гигантот од Истанбул како клуб. И јас и сите во Струга ТЛ посакуваме и очекуваме двомеч со турскиот тим. Каков спектакл ќе биде тоа, може само да се замисли. Од друга страна не треба да се брза, за нас во преден план е двомечот со Жалгирис, па потоа, ако ја минеме оваа пречка, ќе размислуваме за Галатасарај“ заклучи еден од првите луѓе на нашиот шампион.

ПретходноУрнебесна промоција: Пеле и Робен потпишаа за Вардар Неготино! (ФОТО)
Следно„Бомба“: Катарските шеици со ултиматум за Мбапе – или потпиши нов договор или оди си!!!