„Бомба“: Катарските шеици со ултиматум за Мбапе – или потпиши нов договор или оди си!!!

2006

Нема крај на сагата “Килијан Мбапе“. Откако тој и дефинитивно одлучи во наредната сезона да биде дел од ПСЖ, а во јуни 2024 година да си оди како слободен играч, сега ПСЖ реагираше гневно, односно катарските шеици кои се газди на клубот, поточно главниот, емирот Тамим бин Хамад Ал Тани.

Тој бил запознат со целата ситуација и дал наредба веќе случајот Мбапе да биде симнат од дневен ред.

Да му се даде ултиматум во кој ќе стои дека Килијан има право да бира или ќе потпише нов договор со кој ќе го продолжи сегашниот кој му истекува следниот јуни или ќе биде продаден и тоа за најмалку 200 милиони евра.

Тоа било цената која ја одредил самиот емир Aл Тани.

Имено познато е дека ако ситуацијата се одвива според замислите на Мбапе, тогаш ПСЖ за една година ќе загуби 300 милиони евра, а тоа секако на емирот не му се допаѓа.

ПретходноБесарт Исаку: Струга Трим Лум посакува и очекува двомеч со гигантот Галатасарај!
СледноНевиден скандал: Што ли им покажуваше босанскиот селектор на фановите?! (ВИДЕО)