Ла Лига нова сезона: Барса почнува кај Хетафе, Реал гостува во Билбао

203

Денеска шпанската Ла Лига го одреди календарот и распоредот на натпреварите за новата сезона 2023/24. Официјално, новата сезона во Шпанија ќе почне на 11 август, а ќе трае до 26 мај. Барселона како актуелен шампион одбраната на титулата ќе ја започне со натпревар против Хетафе.

Барселона во премиерата на новата сезона оди на гостување во Хетафе, додека Реал Мадрид ќе има уште потежок старт на сезоната со меч на гостински терен во Баскија против Атлетик во Билбао.

Во рамките на првото коло од новата сезона ќе биде интересно и на дуелите Алмерија – Рајо Ваљекано, Севиља – Валенсија и Виљареал – Бетис.

Ждрепката сакаше првото „Ел Класико“ да се одигра на 29 октомври во рамките на 11. коло, кога Барселона ќе го пречека Реал (М), додека возвратниот меч ќе се случи на 21 април во рамките на 32. коло.

Во новиот календар кој е договорен, фудбал во Ла Лига за Нова година нема да има. Божиќната пауза ќе почне на 20 декември и ќе трае до 2 јануари.

ПретходноБрегалница се засилува со интернационалци од Костарика и Панама!
СледноЈошко Гвардиол успешно опериран