Никола Ристески повеќе не е член на Силекс

1217

Некогашниот македонски младински репрезентативец, Никола Ристески повеќе не е член на тимот на Силекс. Иако имаше активен договор со клубот од Кратово, десниот бек сепак, во спогодбен раскин на истиот летово заминува.

Ова негово заминување е дел од мини реконструкцијата која што се случува во Силекс, каде што следните неколку денови се очекува промоција на нов стопер, играч за врска но и напаѓач односно класична „десетка“.

Ристески пак е дете на Вардар кој во кариерата настапуваше уште и за екипите на Еуромилк, Кит Го, Борец, Работнички, Вардар, Ренова…

 

ПретходноГРК Тиквеш 2014 донесе десен бек од Нигерија
СледноГлејзерс ќе му ги продадат сите акции од Манчестер Ј. на шеикот Јасим?