Павлов елиминиран во раната фаза на ЕИ 2023 во Полска!

55

Македонскиот каратист Емил Павлов со два порази и само една победа ги заврши настапите на Европските Игри во Краков, Полска. Тој во рамките на својата категорија во првата борба беше поразен од Милош Сабиецки од Полска со 8:4. Во вториот меч од групата А, Павлов со убедливи 6:0 славеше над Бурак Ујгур од Турција, но во третата решавачка борба за пласман во следната фаза, не успеа да слави против Стефан Команеску од Романија, со што го заврши настапот на ЕИ 2023.

ПретходноБраво девојки: Македонија го совлада и Исланд, Лина го донесе победничкиот поен!
СледноСандро Тонали ги договори личните услови со Њукасл