Партизан, ем постави рекорд, ем e нов шампион во АБА лигата

617

Екипата на Партизан е освојувач на трофејот во АБА лигата откако вечерва на свој терен ја совлада Црвена Звезда со 96:85 и со вкупни 3:2 е победник во финалето. Да потсетиме Партизан ги доби првите два меча од финалната серија на домашен терен, а следните два ги загуби на гостински. Па ја доби вечерашната мајсторка и по седми пат се освојувачи на АБА лигата и првпат по 2013 година.

Притоа Партизан постави рекорд по посетеност во АБА лигата. На трибините имаше 22.198 гледачи (на официјалниот сајт на АБА). Тоа е повеќе и од претходниот рекорд против Реал Мадрид во Евролигата од 20.091 гледач.

Инаку вечерва „црно-белите“ одлично го отворија мечот со 54:34 на полувреме. Звезда се разбуди во третата четвртина која ја доби со 34:21 и го намали водството на Партизан со тоа што отвори пат во финишот да направи пресврт. Сепак, до тоа не дојде. „Црно-белите“ не дозволија такво нешто и го сочуваа водството и со тоа и победата.

Кевин Пантер кај Партизан постигна дури 27 поени. По него Лидеј постигна 15, а Нинали 12. Кај Звезда најмногу поени постигна Добриќ – 18.

ПретходноСин на легенда на Милан потпишува за Јувентус
СледноСаудиска Арабија се повлече од трката по Мундијалот 2030