Порзингис оди во Бостон, Маркус Смарт ги напушта Селтикс

167

Летонскиот кошаркар од екипата на Вашингтон, Кристапс Порзингис ќе се пресели во Бостон, јави НБА инсајдерот, Адријан Војнаровски.

Порзингис ќе ја искористи опција за продолжување на договорот од 36 милиони долари за сезоната 2023/24 пред да биде разменет во Селтикс. Според информацијата, договорот ќе биде тринасочен со што кошаркарот на Мемфис , Тајус Џонс ќе се пресели во Вашингтон, а Селтикс ќе се разделат со Маркус Смарт, кој ќе стане играч на Гризлис.

Мемфис во Бостон ќе го испрати и 25. пик на претстојниот драфт, додека Во Голден Стејт ќе оди пик од првиот круг на НБА драфтот во 2024 година. Вашингтон ќе го добие и 35-от пик од Селтикс на драфтот што ќе се одржи оваа година.

ПретходноНаумчески го облече дресот на Академија Пандев
СледноПОТВРДЕНО: Един Џеко е нов фудбалер на Фенербахче