Јувентус го чека спортскиот директор Џунтоли да дојде во Торино откако ќе го напушти Наполи и да почне со реализација на трансферите. Според италијанските медиуми „Старата дама“ веќе го договорила играчот на францускиот Лил, Тимоти Веа.
Се работи за репрезентативец на САД и син на легендарниот напаѓач на Милан, Жорж Веа.
Како што пишува „Газета дело Спорт“, Јувентус во Тимоти гледа замена за другиот Американец Винстон Мекени.
Веа има 23 години и минатата година одигра 32 натпревари за Лил. Игра како десен бек и како десно крило.
Вредноста на трансферниот пазар му е 15 милиони евра.