Попладнево во Словенија, во рамките на летните подготовки, Шкендија со 3:2, во пријателски натпревар успеа да го победи романскиот суперлигаш, тимот на Петролул од Плоешти.
Значи новиот стратег на тетовци Ардијан Нухиу со победа ја започна својата тренерска одисеја во Шкендија со оглед на тоа дека ова му беше прв меч да ја предводи екипата од Тетово, па макар и на пријателски меч.
Веднаш да споменеме за мајсторијата на Чинари во 35.минута кога од слободен удар од околу 20 метри постигна ефектен гол за 3:2.
Претходно токму Чинари донесе водство во 4.минута, но Петролул преку Будеску две минути подоцна израмни на 1:1. Шкендија повторно поведе во 17.минута со голот на Милев, но Будеску одново израмни на 2:2 во 32.минута.