Украинецот кој беше дел од златната генерација на Вардар, стави крај на кариерата!

1798

Евгениј Новак на 34 години одлучи да стави крај на кариерата, да замине во фудбалска пензија. Оваа вест тој ја сподели на своите социјални мрежи.

Секако дека сите се сеќаваме на фантастичниот стопер од Украина, на Новак, кој беше еден од најдобрите во Вардар во таа златна генерација која просто доминираше во мак – фудбалот во минатата деценија а во 2017 година играше и во групната фаза во Лигата на Европа.

No description available.

Новак беше неизоставен „шраф“ на вардаровата машина од 2015 до 2020 година, миленик на фановите, секогаш го даваше својот максимум за Вардар, голем, голем борец и пред се голем Вардарец.

Новак се пензионира како фудбалер на Колос од Украина, претходно, покрај за Вардар играше и за екипите на Динамо Киев, Волин, Севастопол.

ПретходноСандро Тонали ги договори личните услови со Њукасл
Следно„Чистката“ веќе почна: Челзи летово ќе продаде дури 15 фудбалери!