Новиот прволигаш Воска објави дека постигнале договор со Никола Стијеповиќ, кој игра како лево крило, а може да игра и како лев бек. Фудбалерот од Црна Гора со Воска потпиша двегодишен договор, а во кариерата играл за Кастриот од Албанија, Торпедо Кутаиси од Грузија, а во охридскиот тим доаѓа од Сутјеска од Никшиќ.
За Сутјеска одигра 33 натпревари во шампионатот на Црна Гора, уште 4 меча во Европа.