Германците се надеваа дека Клоп ќе го спаси потонатиот брод!

361

Германската репрезентација е во тешка ситуација. Една година пред Европското првенство на кое е домаќин, функцијата селектор Ханси Флик е доведена во прашање поради лошите резултати. Во германските медиуми се појави гласина за доаѓањето на Јирген Клоп во репрезентацијата.

Сепак, менаџерот на тренерот на Ливерпул, Марк Косике, го изјави следново:

„Јирген има долгорочен договор со Ливерпул, а германската репрезентација има тренер. Затоа, ова не е за нас.“

Клоп го презеде Ливерпул во 2015 година, со него ја освои Лигата на шампионите и Премиер-лигата, а неговиот договор е до 2026 година.

Германија со селекторот Флик не ја помина групата на Светското првенство во Катар, како и во Русија во 2018 година. На Европското првенство во 2020 година беше елиминирана во осминафиналето. Германија годинава одигра пет пријателски натпревари и само го победи Перу (2:0), а загуби од Белгија (2:3), Украина (3:3), Полска (1:0) и Колумбија (0:2).

ПретходноХаос пред „мајсторката“ меѓу Партизан и Црвена Звезда (ВИДЕО)
СледноГрчевски го објави поширокиот список!