Един Џеко е новата „деветка“ на Фенербахче

248

Најдобриот босански фудбалер во моментов, Един Џеко е нов фудбалер на Фенербахче. Џеко го напушти Интер и како слободен фудбалер му се приклучи на гигантот од Истанбул.
Играчот го доби дресот со број 9.
„Откако дојдов тука увидов дека ја донесов вистинската одлука. Среќен сум што ќе бидам дел од еден од најголемите турски клубови и можам да им ветам на фановите дека ќе го дадам максимумот на сите натпревари“, изјави Џеко.
Тој во кариерата играл за Железничар, Волфсбург, Манчестер Сити, Рома и Интер.

ПретходноПрекрасна вест: Навратилова објави дека го победила ракот!
СледноСин на легенда на Милан потпишува за Јувентус