Искусниот германски стручњак, Франк Карстенс кој претходните осум сезони седеше на клупата на Минден, потпиша двегодишен договор со токму клубот со кој водеше грчевита битка за опстанок во елитата, но ја загуби.
Минден оди во Втора лига, а Вецлар е на пат кон стабилизација со оглед на претходната најлоша сезона по многу години.
Карстенс ќе соработува со поранешниот македонски репрезентативец, Филип Миркуловски.
Карстенс пред Минден го предводеше Магдебург, односно Хановер ..