Кристијано Роналдо и покрај тоа што има 38 години, урива рекорди како од шега. Тој пред некој ден за својата репрезентација го одигра својот 200-ти меч и го постигна 123 гол.
Тоа беше на средбата на Португалија со Исланд кога со неговиот гол победи неговата селекција.
Откако заврши мечот, јасно е дека Кристијано Роналдо беше цел на медиумите.
Па така пред да даде изјава тој сфати дека една камера е преблиску до неговото лице и замоли истата да не биде преблиску зошто така му се гледале брчките.
“Not too close, eh! Too many wrinkles” 🤣#OptusSport pic.twitter.com/4sKBiNKKtw
— Optus Sport (@OptusSport) June 21, 2023