Сандро Тонали ги договори личните услови со Њукасл

247

Се поизвесно е дека играчот на Милан, Сандро Тонали ќе се пресели во Премиер лигата, поточно во тимот на Њукасл. Информациите велат дека тој веќе ги договорил личните услови за трансфер во овој клуб, каде што би заработувал осум милиони евра по сезона.

Медиумите во Англија но и во Италија последните два дена на големо пишуваат дека Тонали ќе биде првиот „капиталец“ на Њукасл летово, кој со оглед на нафтените милиони на сметка, планира за следната сезона да направи шампионски тим.

 

ПретходноПавлов елиминиран во раната фаза на ЕИ 2023 во Полска!
СледноУкраинецот кој беше дел од златната генерација на Вардар, стави крај на кариерата!