Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан Ал Сауд информира дека нема да се тркаат по кандидатурата за организирање на СП 2030 година. По фудбалскиот „земјотрес“ со доведувањето на Кристијано Роналдо, Карим Бензема и уште неколку фудбалски ѕвезди, се очекуваше Саудиска Арабија сериозно да „загризе“ за организација на Мундијалот во 2030 година меѓутоа од тоа нема ништо.
Поточно Саудиска Арабија настапи како коорганизатор заедно со Грција и Египет, меѓутоа Ал Сауд ги информирал Грците и Египќаните дека нема да учествуваат.
Од таму оцениле дека не можат да ја победат заедничката кандидатура на Шпанија-Португалија и Мароко за која сметаат дека од месец во месец е се посилна.
Засега заедничката кандидатура на јужноамериканските селекции Аргентина, Уругвај, Чиле и Парагвај остануваат ривали на горенаведената кандидатура на двете европски и нивниот африкански сосед.
Во септември 2024 година ќе биде познат победникот во трката.