Сопствениците од Челзи купија клуб од француската Лига 1

416

Францускиот прволигаш Стразбур официјално има нов сопственик, а тоа е „BlueCo“. Се работи за конзорциумот кој раководи со Челзи од мај 2022 година.
Американските сопственици придобија 100% од акциите на тимот кој заврши на 15 место во француското првенство минатата сезона. Во соопштението на Стразбур се наведува и дека намерите на новите акционери се „забрзана и одржлива инвестиција за развој на клубот, вклучително и првиот тим и академијата“.
Од таму ветија и континуитет со работата на претседателот Марк Келер, кој ќе ја задржи функцијата во клубот заедно со неговите директори.
За нас е чест што сме дел од овој историски клуб. Посветени сме на зачувување на наследството на Стразбур и фокусирани сме да работиме заедно со Марк и неговиот тим директори за да ја продолжиме одличната работа што ја направија досега. Оваа стратешка инвестиција ќе го зголеми нашето присуство во европскиот фудбал заедно со нашата сопственост на Челзи. Веруваме дека ова ќе создаде огромни можности за да го споделиме нашето знаење и експертиза“, велат новите сопственици.

ПретходноСаудиска Арабија се повлече од трката по Мундијалот 2030
СледноАл Хилал преговара со тренерот на Фулам