Трабзонспор има понуда за Барди од екипа од МЛС лигата

269

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е се поизвесно дека летово го напушта тимот на Трабзонспор, но се уште е неизвесно која ќе биде неговата следна дестинација. Турските медиуми утрово лиферуваа информација дека Трабзонспор веќе има понуда на маса за Барди која наводно доаѓа од една од екипите во американската МЛС лига.

Барди има договор со Трабзонспор на уште 2 години, но Турците се решени да го продадат. Неколку тимови од МЛС внимателно ја следат состојбата на играчот и се претпоставува дека веќе има една понуда, која не е во висина од 4,5 милиони евра колку што бараат Турците.

И турските весници велат дека оваа сума Трабзонспор тешко дека ќе успее да ја добие со оглед на перформасите на Барди минатава сезона.

ПретходноУште една ѕвезда на пат за С. Арабија: И Бернардо Силва има неодолива понуда
СледноНаумчески го облече дресот на Академија Пандев