Трансферот ќе биде завршен оваа недела: Ким Мин Јае со една нога е во Минхен

200

Преговорите меѓу Баерн Минхен и дефанзивецот на италијанскиот шампион Наполи, Ким Мин Јае се во завршна фаза. Како што објави германскиот новинар Флоријан Плетенберг, трансферот напредува и германската страна ќе се обиде да ја затвори зделката во следните неколку дена.

Дефанзивецот на Наполи сака да се преслеи во Германија и начелно ги прифатил понудените услови од шампионот на Бундеслигата. Баварците му понудиле договор на Кореецот до 2028 година, со плата меѓу 10 и 12 милиони евра. Наполи веројатно ќе добие обештетување во висина од околу 50 милиони евра.

ПретходноНеверојатно: Украинските војници прво пукаат по Русите, па слават како Роналдо….СИУУУУУ! (ВИДЕО)
СледноУште една ѕвезда на пат за С. Арабија: И Бернардо Силва има неодолива понуда