Убаво деби на Нухиу, мајсторија на Чинари, Шкендија го победи Петролул!

1110

Попладнево во Словенија, во рамките на летните подготовки, Шкендија со 3:2, во пријателски натпревар успеа да го победи романскиот суперлигаш, тимот на Петролул од Плоешти.

Значи новиот стратег на тетовци Ардијан Нухиу со победа ја започна својата тренерска одисеја во Шкендија со оглед на тоа дека ова му беше прв меч да ја предводи екипата од Тетово, па макар и на пријателски меч.

May be an image of text that says '#SHKENDIJA starting XI SHKENDIJA SPS vS PETROLUL 22Jun./// TALESKI VELIJA ADILI CAKE REXHEPI QAKA DITA C) ÇINARI TOTRE SHALA MILEV f10O0 subs ZAHOV RAMANI LIMANI, ELEZI, KRASNIÇI, MAKSIMOV, MERXHANI MELIQI, JAKUPI, NUHIJA, RAMADANI'

Веднаш да споменеме за мајсторијата на Чинари во 35.минута кога од слободен удар од околу 20 метри постигна ефектен гол за 3:2.

Претходно токму Чинари донесе водство во 4.минута, но Петролул преку Будеску две минути подоцна израмни на 1:1. Шкендија повторно поведе во 17.минута со голот на Милев, но Будеску одново израмни на 2:2 во 32.минута.

 

ПретходноИспадна со Минден во Бундес-лигата, па го превзема Вецлар!
СледноХаос пред „мајсторката“ меѓу Партизан и Црвена Звезда (ВИДЕО)