Убедлив пораз за ракометарките до 19 години во Дабаш

129

Македонската женската репрезентација до 19 години беше убедливо поразена на првиот натпревар од подготвителниот турнир во Дабаш. Домаќинот, Унгарија славеше со убедливи 44-18. Избраничките на Јулијана Дамческа одиграа крајно лошо во првото полувреме, постигнаа само три гола, дадоа 27-3. По одморот беа подобри во вториот дел, но тоа не беше доволно за нешто повеќе. Македонија утре ќе ги одмери силите со Холандија.

Сара Стефаноска со шест гола беше најдобар стрелец. Ива Младеновска запиша четири погодоци.

ПретходноГрчевски го објави поширокиот список!
СледноВоска го промовира Стијеповиќ